Саудиска Арабија го обвини Иран за дестабилизација на регионот

Саудиска Арабија сака да избегне војна во регионот, но подготвена е да одговори „со сета сила и одлучност” по минатонеделните напади на саудиски танкери и нафтени постројки, изјави саудискиот министер за надворешни работи Адел ал Џубеир.

Тој на прес конференција го обвини Иран дека настојува да го дестабилизира регионот и ја повика меѓународната заедница да преземе одговорност и да ја запре земјата во таквите настојувања.

Иран негираше дека стои зад нападите на саудиските танкери и нафтените постројки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот