Сарач: Како партија ќе ги отвориме сите врати за инвестиции од пријателска Турција (ВИДЕО)

-Откако Заев во еден разговор го нарече диктатор претседателот на Турција, јас се одлучив да настапувам во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. За жал, денеска кога ќе ги видите местата каде што живеат Турците ситуацијата е страшна. Нема патишта, нема амбуланти, болници. Тоа е резултат на сите политички партии. Недопустливо е ова во 21 век, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Ердоган Сарач, претседател на Движење за национално единство на Турците.

-Турција е пријател на Македонија. Ние како партија можеме да ја отвориме секоја врата во Турција. После 15 кога ќе дојдеме на власт ќе ги искористиме нашите врски со бизнисмените да ги донесеме тука во Македонија и да почнат со инвестиции.

-Сигурен сум дека со посветеност и правилна работа инвестициите ќе дојдат и би обезбедиле нови работни места, додаде Сарач.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот