Сара Полсон ѝ го честиташе 78-от роденден на својата партнерка: Ти си ми сè

Од самиот почеток на нивната врска, тие беа мета на критики и осудувања. Иако живееме во навидум модерно време, тие беа осудувани затоа што станува збор за хомосексуална врска, а потоа и дека меѓу нив има разлика од 32 години.

Но, холивудските актерки се чини никогаш не се вознемирија за негативните коментари по повод нивната среќа. Напротив, како од ден на ден нивната љубов да станува се посилна.

Instagram
Instagram

Сара Полсон пред некој ден уште еднаш го потврди ова и со прекрасна честитка ѝ посака среќен роденден на својата сакана Холанд Тејлор.

По повод 78-от роденден на нејзината партнерка, холивудската актерка реши да го искористи својот инстаграм-профил за да сподели со целиот свет колку е среќна со Тејлор.

Прочитајте и...  ФОТО | Од затвор директно на светките модни писти: Џереми Микс со наследникот кој е негова копија
Instagram
Instagram

Сите патишта ме водат кон ова лице, тие очи, таа душал. Ти, едноставно ми значиш најмногу од сè. Ќе те чувам, дете. Денес. Утре. Засекогаш. (Ако не ти се допаѓа оваа фотографија ти си идиот, затоа немој да се лутиш кога ќе ја видиш. Јас дури и ја направив црно-бела, затоа што така повеќе ти се допаѓа. Значи, шшшшшш. Ова е совршена фотографија на една совршена личност) Среќен роденден мила“, напиша актерката.

Instagram
Instagram

Под нејзината честитка, на нејзините желби и се придружија и дел од познатите личности како Дебра Месинг, Криси Мец и Мишел Фајфер, како и многубројни обожаватели.

Instagram
Instagram

Сара Полсон и Холанд Тејлор ја започнаа својата врска на почетокот на 2015 година, но пред јавноста официјално ја потврдија во март 2016 година.

Прочитајте и...  ФОТО | Миа Костова брутално искрена: Ролката ми е од Зара, а сакото од Бит пазар - Стил имаш или немаш, Шанел не те спасува

Поврзани вести

ВИДЕО | Митревски: Очекувам успешен попис, ДПМНЕ собира потписи за внатрепартиски потреби

Марина Дамческа

„Покемон“ музички албум: Кети Пери и Џеј Балвин се само дел од светските ѕвезди кои ќе ги изведат новите хитови

Слободен печат

Незадоволствата во ДУИ се лични, не програмски

Дестан Јонузи

Објавена книга со нови детали за љубовната приказна на Емануел Макрон и 24 години постарата Брижит Макрон

Слободен Печат

Нема ли тајвански вакцини, бидејќи оние од Кина ќе стигнат на кинеско куково лето

Ана Анастасовска

Професор Ивановски: Собирањето и рециклирањето на отпадот е голем потенцијал и нови 2.000 работни места

Марина Дамческа

Остави Коментар