Санкционирани 145 возачи во Скопје

Сообрќајна полиција / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Во текот на вчерашниот ден полицијата изрече вкупно 145 мерки за прекршоци од областа на сообраќајот.

Министерството за внатрешни работи информира дека се изречени 17 санкции за брзо возење, 22 мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за користење мобилен телефон при возење, три мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, девет мерки за некористење на сигурносен појас…

МВР укажува дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот