Санчез: Шпанија ја делат 100 дена од колективниот имунитет

Шпанскиот премиер Педро Санчез / Фото: Архива

Досега во Шпанија се дадени 19 милиони дози вакцина, односно 28 проценти од населението примиле барем една доза од вакцината, а шест проценти ја примиле втората доза.

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска изјави денеска дека Шпанија е на 100 дена од стекнување колективен имунитет.

За време на неговата официјална посета на Грција, тој рече дека 70 проценти од шпанските граѓани ќе бидат вакцинирани до 18 август, што е доволно за да се добие колективен имунитет, пренесува шпанскиот весник „Ел Паис”.

Досега во Шпанија се дадени 19 милиони дози вакцина, односно 28 проценти од населението примиле барем една доза од вакцината, а шест проценти ја примиле втората доза.

Исто така, во април се вакцинирани повеќе граѓани отколку во првите три месеци од оваа година, а според статистичките податоци, една доза на вакцината се дава на секои две минути.

– Почнуваме да ја надминуваме оваа катастрофа, рече Санчез. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот