Само што им го дозволија, повторно укинат бесплатниот превоз за пензионерите

Автобус на ЈСП/ Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Од утре нема да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица (жени со/над 62 год, мажи со/над 64 год) во вторник, петок, сабота и недела, информираат од ЈСП.

ЈСП апелира на рационално користење на превозот и на задолжително носење на заштитна опрема согласно уредбите за заштита од Ковид 19.

Бесплатниот превоз за пензионерите беше вратен во петокот поради олабавувањето на мерките поради коронавирусот. Во последните неколку дена Институтот за јавно здравје бележи зголемен број на новозаразени со вирусот на дневно ниво. Поради ваквата состојба, министерот Венко Филипче најави дека, доколку не се почитуваат мерките за заштита од ковид-19, можно е да се вратат дел од рестриктивните мерки, а како опција не се исклучува ниту воведување на карантин во оопштините каде е зголемен бројот на заразени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот