Само еден менаџер има повеќе победи од Клоп во првите 150 натпревари во Премиер лигата

фото: twitter/liverpoolfc

Јирген Клоп на вчерашното дерби против Челси, по 150. пат го предводеше Ливерпул во Премиер лигата и јубилејот го зачини со победа од 2:1 со која и по шест кола има максимален учинок.
Германецот има 92 победи од 150 натпревари, две повеќе од легендарниот менаџер на Манчестер јунајтед, сер Алекс Фергусон, но сепак заостанува зад еден тренер.

Жозе Муруњо во првите 150 натпревари во Премиер лигата, како тренер на Челси запиша дури 105 победи, но сепак тие денови се далеку зад Мурињо бидејќи од декември минатата година, сè уште нема ангажман.

За разлика од Мурињо, Јирген Клоп ужива на клупата на Ливерпул. Минатата сезона стана европски шампион, а во оваа, засега се единствен тим кој има максимален скор, шест победи во шест натпревари со гол разлика од 17:5.

– Не треба да бидам изненаден од карактерот на моите играчи, очекувам да се бориме за секоја победа. Не чека тешка работа во неверојатно силна лига. Сите очекуваат дека ќе бидеме една од двете најдобри екипи, па мораме и да играме на такво ниво – вели Клоп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот