Салман Ружди вели дека уште има „луди кошмари“ за нападот во Њујорк

Салман Ружди / Фото ЕПА

Салман Ружди вели дека физички се чувствува „подобро“ речиси една година откако беше избоден со нож додека се подготвуваше да одржи предавање во Њујорк.

Сепак, 76-годишникот изјави за „Би-Би-Си“ дека сè уште го сонува инцидентот, што го остави слеп на едното око.

„Имам многу добар терапевт кој има многу работа“, вели писателот. „Имам навистина луди соништа“.

Ружди вели дека се „двоуми“ околу тоа дали да се соочи со својот наводен напаѓач на суд. Тој не е сигурен дали некогаш повторно ќе се појави на јавен настан што не е само со покана и „контролиран“.

Минатиот август, британско-американскиот автор со индиско потекло помина шест недели во болница откако беше избоден до 10 пати на настан во Њујорк.

Повредите резултирале со оштетување на црниот дроб, губење на видот на едното око и парализирана рака предизвикана од оштетување на нервите на раката. Повеќекратниот награден автор рече дека „човечкото тело има неверојатен капацитет да заздравува. И затоа јас сум среќен што сум добро на тој начин“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот