Сакате љубов како од филм? 10 начини како да ја „повикате“ вашата сродна душа

pixabay

Да ја пронајдете љубовта на својот живот не е лесна „задача“. Законот на привлекување не учи дека „како зрачиме, така привлекуваме“ во нашиот живот и дека ако се фокусираме на позитивни мисли ќе привлечеме позитивни резултати.

Ако се обидувате да сфатите како да ја привлечете својата сродна душа, пробајте да ги разберете овие 10 правила и да ги примените.

Расчистете со себе што сакате

Секоја неуспешна врска не учи што сакаме од својот идеален партнер. Проблемот е што повеќето луѓе се фокусираат на негативното, наместо на позитивното. Затоа треба да ја смениме насоката на мислите – „Сакам личност која безусловно ќе ме сака и која мене ќе ме става на прво место“. Како да знаете дека вашата афирмација е позитивна? Ќе знаете по чувството – ако тоа што го мислите буди позитивни чувства во вас, тогаш мислата е на место.

Сонувајте за љубовта која ја посакувате

Ако сте подготвени за љубов, една од најубавите работи што може да ги направите е да се препуштите на соништата за својот идеален партнер. Што подетално сонувате и што поточно знаете што барате, ќе го привлечете тоа што го сонувате. Моќта на вашата фантазија е несопирлива и може да го трансформира вашиот љубовен живот.

Вљубете се прво во себе

Запомнете – не можете да очекувате некој друг да се вљуби во вас, ако вие не сте вљубени во себе. Колку повеќе се фокусирате на тоа што го сакате кај себе, толку повеќе ќе доживеете себепочитување.

Избегнете ја љубомората

Природно е да бидеме љубоморни кога гледаме дека некој доживува нешто што посакуваме нам да ни се случува, а сепак, тоа го немаме. Меѓутоа, љубомората ќе ја спречи љубовта да ви се „јави“. Љубомората е негативна емоција и ќе ве оддалечи од тоа што го посакувате.

Откажувањето не е опција

Приината поради која Законот на привлекување не делува е таа што луѓето се откажуваат пред да им се исполни желбата. Клучот е во тоа кога ќе ви биде јасно дека нешто навистина сакате, треба да се држите до тоа колку што е време потребно за да се исполни.

Не се двоумете

Сакате нешто, но се сомневате дека тоа е можно? Знаењето е позитивна енергија и ги отвора вратите за привлекување. Двоумењето и сомнежот ја поттикнуваат негативната енергија и ги затвораат вратите.

Уживајте во сегашниот миг

Не чекајте љубовта да ве најде за да започнете со животот. Го привлекувате тоа што сте самите – ако сте некој кој сака да се излежува на троседот, таков партнер и ќе привлечете. Ако сакате партнер кој скија, сака да чита, да патува, почнете вие прво со тие активности.

Станете тоа што сакате да бидете во иднина

Можеби моментно сте „сингл“ а очекувате живот во пар. За да привлечете некој што ќе биде компатибилен, прво станете вие таква личност. Вака фукнционира: размислувајте за себе сега и мислете за себе во вашата најдобра верзија.

Преипрашајте ги своите убедувања

Ослободете се од сите верувања кои не го поддржуваат привлекувањето. Универзумот ќе најде начин вашите верувања да станат вистина. Ако вашето верување не го поддржува тоа што го посакувате, не можете да очекувате дека Законот на привлекување ќе делува. Универзумот реагира на вашите чувства кон себе, ако се чувствувате недостојни или незаслужни, така и ќе се одрази.

Јасна дефиниција

Вашата задача е јасно и позитивно да го дефинирате тоа што го сакате. Вашата задача не е да се прашувате „како“. Се може да биде возможно, и тоа на начини кои на прв поглед можеби ви се незамисливи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот