Сакате да блеснете во новогодишната ноќ? Сега е вистинско време да ги избелите забите

Profimedia

Ласерското белење на забите е безболно, брзо и неагресивно. Од оваа причина повеќето пациенти се одлучуваат за ласерско белење на забите и покрај другите опции достапни на пазарот, вклучувајќи ги и „Направи сам“ пакетите.

Постапката на белење започнува со лесно измивање на устата, остранување на плакот од линијата на непцето и апликација на специјален гел за нивна заштита. Потоа, на предната површина на забите се нанесува професионален гел кој е уникатен по тоа што содржи посебна хемикалија, која му овозможува на ласерот да го постигне максимумот во белењето на забите. Штом се зацврсти гелот, започнува ласерскиот третман на забите. Светлината од зракот може да ги обели забите дури за осум нијанси.

Процедурата на ласерско белење на забите вообичаено трае приближно еден час. Во екстремни случаи е потребно повторување на третманот до неколкупати, поради длабоките дамки на забите кои се најчесто резултат од тетрациклин или други лекови кои влијаат на бојата на забите. Крајниот резултат е брзо белење на третираниот предел, чија белина трае подолго од онаа добиена со традиционалните методи на белење. Уште една предност на ласерското белење на забите е тоа што ласерот може да се насочи и кон конкретна дамка, која е проблематична за белење, без притоа третманот да ги зафати сите заби во устата.

Чувствителни заби?

За разлика од другите опции за белење на забите, овој третман е еднократен и затоа претставува најприфатлива опција за лицата со чувствителни заби. Трошоците за ласерско белење може да се повисоки, но пациентите се одлучуваат за третманот поради краткотрајноста и ефикасноста на процедурата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот