САД воведоа санкции против турски бизнисмен близок до Ердоган за продажба на иранска нафта

Реџеп Таип Ердоган
Реџеп Таип Ердоган / Фото: EPA-EFE/VLADIMIR SMIRNOV

САД воведоа санкции против истакнатиот турски бизнисмен Ситки Ајан, кој наводно е близок со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, поради кршење на американските ограничувања за продажба на иранска нафта.

Американското Министерство за финансии денеска објави дека го казнува Ајан и бројни компании контролирани од него и неговото семејство и соработници за посредување во продажбата на иранска нафта во вредност од стотици милиони долари на Иранската револуционерна гарда.

Ајан и сите компании поврзани со него, исто така, переле пари од тие продажби и за Револуционерната гарда и за либанскиот Хезболах, кои САД ги сметаат за терористички организации.

Санкциите вклучуваат замрзнување на имотот што Ајан или неговите компании може да ги има во САД и забрана на Американските државјани да прават бизнис со нив.

„Компаниите на Ајан склучија меѓународни договори за продажба на иранска нафта на странски купувачи, организираа пратки на нафта и помогнаа во перењето на приходите, прикривајќи го потеклото на нафтата и интересот (на Револуционерната гарда) за продажба“, се вели во соопштението на Министерството за финансии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот