САД со највисока стапка на инфлација во последните 40 години

Белата куќа / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Цените во САД се зголемени за седум отсто во декември 2021 година во однос на претходната година, што претставува највисока стапка на инфлација во последните 40 години, соопшти Министерството за финансии во Вашингтон.

Според Гласот на Америка, повисоки цени ја одбележаа американската економија во текот на целата претходна година, а нивниот раст е највисок од 1982 година.

Економските експерти посочуваат дека „високата побарувачка се судри со недостигот во снабдувањето предизвикан од коронавирусот”. Тоа влијаеше на растот на цените на моторните возила и мебелот, но и на секојдневните потреби, како што се храната и горивото.

Белата куќа и креаторите на економската политика во Федералните резерви (Централната банка на САД) се фокусирани на растечките трошоци, иако укажуваат дека очекуваат инфлацијата да остане изразена во текот на 2022 година.

Американскиот претседател Џозеф Бајден ја повика Федералната трговска комисија да го истражи „однесувањето на нафтените и гасните компании на штета на потрошувачите”.

Федералните резерви се обидуваат да ја ограничат инфлацијата со прекинување на директната финансиска поддршка за економијата во март, порано од првично планираното, и со зголемување на референтната каматна стапка што влијае на трошоците за задолжување за бизнисите и потрошувачите.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот