САД: Лукашенко не е законски избран лидер на Белорусија

Александар Лукашенко на говор пред работниците во фабриките ги изгуби нервите / 18 август 2020 / Минск, Белорусија / Фото: PA-EFE/YAUHEN YERCHAK

За САД, Александар Лукашенко не е легитимно избран претседател на Белорусија, изјави неименуван претставник на Стејт департментот за „РИА Новости”.

Тој додаде дека претседателските избори одржани на 9 август во Белорусија не биле ниту слободни ниту фер.

Објавените резултати се измислени и не го одрзауваат легитимитетот. САД не можат да го сметаат Александар Лукашенко за законски избран лидер на земјата – истакна претсавникот на Стејт департментот, коментирајќи ја вчерашната инагурација на Лукашенко за неговиот шести претседателски мандат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот