Николас Мадуро / Фото EPA-EFE/MIGUEL GUTIERREZ

САД ќе го прогласат картелот предводен од Мадуро за „терористичка“ организација

Картел де лос Солес, група за која САД тврдат дека е предводена од венецуелскиот претседател Николас Мадуро, ќе биде прогласена за терористичка организација, соопшти американскиот Стејт департмент, пренесува Би-би-си.

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, во неделата издаде соопштение во кое објавува дека САД имаат намера да ја сметаат групата за странска терористичка организација (FTO) од 24 ноември.

„Картел де лос Солес („Картел на сонцата“), како и  други означени странски терористички организации, вклучувајќи ги Трен де Арагва и картелот Синалоа, се одговорни за терористичко насилство во нашата хемисфера и трговија со дрога во Соединетите Држави и Европа“, се вели во соопштението за медиумите потпишано од американскиот државен секретар Рубио.

САД тврдат дека Мадуро е во дослух со вооружени криминални банди кои транспортираат дрога во САД, обвинувања што венецуелскиот претседател ги негира. А во последните два месеца, американската војска изврши напади врз 21 брод за кои тврди дека транспортирале дрога од Јужна Америка во САД, при што загинаа најмалку 83 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот