САД ја повикува Северна Кореја: Ослободете ги политичките затвореници

САД ја повикаа Северна Кореја да ги затвори сите политички затвори и да ги ослободи сите политички затвореници.

Вашингтон тврди дека има меѓу 80.000 и 120.000 затвореници во затворите во Северна Кореја.

Во своето обраќање пред Советот за човекови права на ОН во Женева, американскиот амбасадор Марк Касер ги повика властите на Северна Кореја да им дозволат на хуманитарните работници непречено да се движат и да им пристапат на оние на кои им е потребна помош.

Амбасадорот на Северна Кореја Хан Тае Сонг, во своја одбрана, на состанокот на Советот изјави дека правото на луѓето на живот и основните слободи се целосно обезбедени во Северна Кореја, но дека нивното користење го попречуваат санкциите наметнати врз Пјонгјанг.

На тој начин, тој побара укинување на санкциите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот