Газа израелски напад врз пазар фото EPA/

САД го кројат поствоениот план за Газа, три армии во игра за мировници

Индонезиските, азербејџанските и пакистанските војски се меѓу главните кандидати за идните стабилизациски сили во Појасот Газа, изјави денес функционер на Министерството за одбрана на САД.

Функционерот, кој разговараше со Политико под услов да остане анонимен, рече дека ниту една земја не презела цврста обврска, но Индонезија, Азербејџан и Пакистан досега изразија најголем интерес нивните трупи да учествуваат во стабилизациските сили во Газа.

Таканаречените меѓународни стабилизациски сили се клучна компонента на предложениот мировен план на американскиот претседател Доналд Трамп за завршување на војната меѓу палестинското милитантно движење Хамас и Израел, кој има за цел да го отвори патот за евентуална демилитаризација и реконструкција на Газа.

„Тоа е во перспектива од два до три месеци од денот кога ќе се донесе одлука“ за тоа кој ќе учествува, рече Ден Шапиро, поранешен висок функционер на Пентагон за Блискиот Исток за време на администрацијата на Бајден, осврнувајќи се на временската рамка потребна за формирање стабилизациски сили.

Соединетите Американски Држави испратија 200 војници во Израел за да помогнат во координирањето на напорите за одржување на прекинот на огнот и стабилизирање на енклавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот