„Сабине“ се приближува кон Германија: Се очекуваат ветрови со брзина од 120 км/ч

На повисоките места брзината на ветерот ќе изнесува околу 175 км/ч, а метеоролозите предупредуваат на опасност од паѓање на дрвја.

Германија се подготвува за невремето кое веројатно ќе трае два дена. Се предвидува да почне в недела и да предизвика големи нарушувања во транспортот.

Невремето „Сабине“, кое доаѓа од Атлантикот, се очекува да стигне до северозападниот дел на земјата в недела околу пладне по локално време. На брегот на Северното Море се очекуваат големи ветрови со брзина од 120 км на час. Потоа бурата постепено ќе замине кон југ и ноќта ќе продолжи кон Баварија, јавуваат германските медиуми.

– Ќе биде опасно посебно во ноќта од неделата кон понеделник кога бурата би требало да се претвори во оркан со налети од ветер од над 120 км/ч“, изјави Андреас Фридрих од германската Метеоролошка служба и нагласи дека најмногу ќе бидат погодени регионите околу реката Рајна.

На повисоките места брзината на ветерот ќе изнесува околу 175 км/ч, а метеоролозите предупредуваат на опасност од паѓање на дрвја.

Германските власти очекуваат и колапс на сообраќајот во одредени делови од државата, а а од германската железница ги советуваат граѓаните да не патуваат во тој период. Патниците кои веќе имаат купено билети можат да ги вратат и да ги добијат своите пари назад.

Како што пренесуваат германските медиуми, властите на провинцијата Северна Рајна-Вестфалија им препорачале на училиштата во понеделник да не се одржува настава. Градот Хамбург презема посебни мерки на претпазливост за справување со можните високи бранови кои би предизвикале поплави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот