Русковска: Засега нема осомничени полицајци во денешната акција

Вилма Русковска / Фото: mia.mk

Обвинителката Вилма Русковска најави прес конференција за утре каде ќе соопшти повеќе детали во однос на полициската акција.

Во голема полициска акција утрово приведени се над 20 лица, пронајдена и запленета е дрога, пари, автомобили, мобилни телефони, во денешната полициска акција во Грчец, Гази Баба, Чаир и Синѓелиќ.

Обвинителката Вилма Русковска во изјава за медиумите кажа дека тие имаат докази дека приведените лица сториле кривично дело „недозволена трговија со опојни дроги“.

Пред акцијата не е спроведена финансиска истрага, од страв дека акцијата може да биде пробиена, но од понеделник ќе следи и финансиска истрага.

Русковска додаде и дека до сега нема осомничени полициски службеници, но понатаму ќе бидат вештачени одземените мобилни телефони и доколку се најде комуникација сигурно дека ќе бидат осомничени и овластени службени лица.

Обвинителката Вилма Русковска најави прес конференција за утре каде ќе соопшти повеќе детали во однос на полициската акција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот