Рускиот фонд: „Спутник В“ е поефикасна против индискиот сој од другите вакцини

Руска вакцина „Спутник В“ / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Руската вакцина „Спутник В“ е поефикасна во заштита од индискиот сој на коронавирус од вакцините од другите производители, соопшти денеска Рускиот инвестициски фонд (РДИФ).

„Спутник В е поефикасна против делта сојот кој првпат се појави во Индија, од било која друга вакцина која ги објави резултатите за тој сој“, го пренесе соопштението агенцијата ТАСС.

Кон крајот на април шефот на рускиот Национален институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, кој ја разви таа вакцина, Александар Гинтсбург рече дека „Спутник В“ произведува доволно антитела за да се избори со индискиот сој на коронавирус.

Русија прва во светот на 11 август минатата година ја регистрираше вакцината против коронавирус.

„Спутник В“ досега е одобрен во 60 земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот