Руски психотерапевт советува како до подобар, посреќен и поисполнет живот

unsplash

Познатиот руски психотерапевт и неврофизиолог д-р Андреј Курпатов предупредува дека ерата на хиперинформациите влијае врз развојот на човечкиот мозок.

Хиперинфирмативната средина создава долгорочни емотивни, социјални и когнитивни промени кај младите. Во такво опркужување, креативноста е потисната. Исто така, тоа доведува до социјална анксиозност, самоповредување и депресија. И што е најважно, доведува до неможноста да се гледа напред, што значи саботажа на самомотивацијата и поставувањето цели“, во една прилика изјави Курпатов на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.

Курпатов е автор на над сто научни трудови, раководител на Градскиот клинички центар во Санкт Петербург и член на Балтичката педагошка академија.

Тој истакна дека „треба да го подобриме квалитетот на нашите социјални интеракции“ и да работиме на компензација на штетата предизвикана од современиот, дигитален начин на живот, пренесува „CNBC“.

Курпатов сподели неколку златни правила за поквалитетен живот кои секој би требало да ги применува во својот живот.

unspalsh

Не префрлајте одговорност

Кога нешто ви се случува во животот, одговорноста никогаш не треба да ја префрлате на друг.

„Разбирам дека сте во искушение да обвинете некој друг за вашите неуспеси затоа што можеби тоа е најлесниот начин – но така само се оправдувате. Вашата сила и моќ лежи во прифаќањето на фактот дека вие сте креатори на сите ваши успеси и неуспеси“, објаснува тој.

Не можете да влијаете на минатото

Може да се влијае само врз иднината, а таа зависи од тоа што го правиме во сегашноста. Тоа што се случило во минатото е минато и не може да се врати. Треба да дејствувате најдобро што можете сега, доколку сакате да ви се „насмее“ среќата во иднината.

Не можете да ги промените луѓето

Откажете се од ваквите илузии, затоа што другите можат да се променат сами, вие не можете да го направите тоа за нив.

„Потсвесно, сите сме склони кон таа наивна илузија дека можеме да промениме некого. Но, резултатот од тоа е лично страдање затоа што никогаш не можеме да го спроведеме во дело… Околностите ги менуваат луѓето, сè друго е само лажна перцепција“, објаснува Курпатов.

unsplash

Секоја постапка има последици

„Ние сме тие кои одбираме што ќе правиме и како ќе резултираат нашите постапки. Затоа, пред да направите нешто, размислете добро за последиците. Така ќе ви се случат помалку глупави работи во животот“, вели тој.

Не трошете енергија на неважни луѓе

„Не трошете го вашето време и енергија на луѓе кои не се грижат за вас или за оние кои не ве сакаат. За среќа, има многу луѓе во светот на кои им се допаѓате и со кои вашиот живот би бил среќен и радосен. Не бидете затворена и не се сомневајте во сè, затоа што, верувајте ми, отвореноста и љубезноста ќе ви помогнат да живеете квалитетно, исполнето и среќно“, заклучи Курпатов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот