Руски напади во регионот Запорожје во Украина/Фото: Ukrainian State Emergency Servic / UPI / Profimedia

Руски напади во регионот Запорожје и во Одеса, најмалку две лица загинаа

Две лица загинаа во руските напади, а десет се повредени, меѓу кои и четири деца, во украинскиот регион Запорожје, изјави денес гувернерот на регионот, Иван Федоров.

Руските сили извршија 567 напади врз 16 населени места во Запорошката област во текот на изминатите 24 часа и до утрово, рече Федоров.

Најмалку девет згради беа оштетени од експлозиите во раните утрински часови денес во градот Запорожје, изјави Федоров преку Телеграм. Градот Запорожје е административен центар на поширокиот регион.

„Службите за итни случаи сè уште работат на терен“, рече Федоров.

Во меѓувреме, руски напад со беспилотни летала ја оштети гасната инфраструктура и главниот гасовод во јужниот украински регион Одеса, предизвикувајќи пожар, изјави денес гувернерот на регионот, Олех Кипер.

„Како резултат на оштетувањето на главниот гасовод, 2.500 потрошувачи се привремено исклучени“, рече Кипер преку Телеграм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот