Руската Дума следната недела ќе дебатира за анексија на окупираните делови на Украина

Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Долниот дом на рускиот Парламент, Думата на 29 септември ќе дебатира за присоединување на окупираните делови на Украина, јави руската новинска агенција ТАСС повикувајќи се на неименуван извор.

Москва на 23 септември организира референдуми за присоединување со Русија во четири окупирани региони во Украина, што предизвика осуда од Киев и Западот, кои наведоа дека нема да ги признаат резултатите.

Референдуми се одржуваат во Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот