Русија внимателно ја следи состојбата на Куба

Фото: EPA-EFE/Ernesto Mastrascusa

Русија внимателно ја следи состојбата на Куба, откако денеска најавија дека ќе се спротивстават на секое „странско мешање” во кризата со која се соочува земјата од Средна Америка, каде власта е соочена со историски антивладини протести.

„Оценуваме дека е неприфатливо секое странско мешање во внатрешните работи на суверена држава и секоја друга деструктивна акција што би придонела за дестабилизација на Островот“ беше наведено во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Исто така се истакнува дека Москва е „уверена дека кубанските власти ги преземаат сите неопходни мерки за повторно воспоставување на јавниот ред во интерес на граѓаните на земјата”, како и дека „внимателно го следи развојот на ситуацијата на Куба и во регионот”.

Кубанските власти соопштија дека се подготвени да ја бранат револуцијата „по секоја цена”.

САД ги поддржаа протестите и се спротивставија на употребата на насилство врз мирните демонстранти.

Илјадници Кубанци вчера излегоа на улиците низ целата земја и извикувајќи „слобода” и побараа оставка од претседателот Мигел Дијаз-Канел. Тоа се најголеми антивладини протести во комунистичката земја во последните неколку децении.

Протестите избувнаа во екот на најтешката економска криза од распадот на Советскиот Сојуз, поранешен сојузник на Куба, но и рекорден број заразени со Ковид-19, а луѓето го креваат својот глас поради недостиг на храна, кршење на граѓанските слободи и начинот на кој владата се бори против пандемијата.

Вршителката на должност американски заменик државен секретар Џули Чунг изјави дека е длабоко загрижена поради „повиците за борба” на Куба, додавајќи дека САД стојат зад правото на кубанскиот народ на мирно собирање.

ФОТО: Преку масовни протести во Куба се бара оставка од претседателот Мигел Дијаз-Канел

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот