Русија усвои нацрт-закон за помилување на осудениците, кои ќе ѝ се приклучат на војската во Украина

Долниот дом на рускиот Парламент, Државната дума, усвои нацрт-закон со кој ќе се помилуваат осудените лица кои ќе се придружат на руските сили во Украина.

За предлогот потоа ќе се гласа во Советот на Федерацијата во Горниот дом на Русија, по што се очекува да биде потпишан од рускиот претседател Владимир Путин.

Законот предвидува регрутирање затвореници и осомничени за криминал за да се борат во војната во Украина, практика што првпат ја усвоија платеничките сили на Вагнер минатата година пред руското Министерство за одбрана да го преземе регрутирањето во затвор на почетокот на 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот