фото МИА

Русија: Украинската војска нападна населба во Запорошката област за време на погреб, убиен е свештеник

Амбасадорот за специјални прашања при руското Министерство за надворешни работи, Родион Мирошник, тврди дека наводниот напад е „гнасен и недозволив чин“, насочен кон цивили.

Украинската војска извршила напад за време на погреб во населбата Скелки, во Василивскиот реон на Запорошката област, при што загинал еден човек, а шестмина други биле повредени, тврди гувернерот поставен од Кремљ на окупираната територија, Евгениј Балицки.

Според првичните наводи, нападот се случил додека се одвивала погребна поворка во селото Скелки, објави руската национална агенција ТАСС.

Бердјанската епархија за ТАСС потврди дека загинал и свештеник од црквата во населбата Скелки.

Балицки изјави дека сите повредени веднаш биле згрижени и им е укажана медицинска помош. Од регионалното Министерство за здравство соопштија дека двајца од повредените се префрлени во Централната окружна болница во Василиевка и дека нивната состојба е стабилна.

Нападот предизвика остри реакции од руските официјални претставници. Амбасадорот за специјални прашања при руското Министерство за надворешни работи, Родион Мирошник, го оцени инцидентот како „гнасен и недозволив чин“, насочен кон цивили. Гувернерот Балицки, пак, го опиша нападот како кукавички удар врз луѓе кои не учествувале во борбени дејства.

Русија планира пролетната офанзива во Украина да ја искористи како силен нов аргумент во преговорите?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот