Русија му порача за СБ на ОН дека повеќе не може да ги користи старите шаблони за Северна Кореја, Кина нема да ги поддржи санкциите

– Советот за безбедност на ОН повеќе не може да ги користи старите шаблони за Северна Кореја, соопшти Русија, откако Москва стави вето на обновувањето на експертската комисија за следење на спроведувањето на санкциите, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Јасно ни е дека Советот за безбедност на ОН повеќе не може да користи стари шаблони за прашања поврзани со Корејскиот полуостров“, нагласи портпаролката.

Од своја страна, Кина соопшти дека одбила „слепо да ги поддржи санкциите“ против Северна Кореја, откако вчера се воздржа од гласањето во Советот за безбедност за резолуцијата која се однесува на Северна Кореја.

„Сегашната ситуација на Корејскиот полуостров останува напната и неселективното воведување санкции не може да го реши проблемот“, изјави Лин Џианг, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот