Размена на воени заробеници меѓу Украина и Русија/Фото: EPA-EFE/STRINGER

Русија и Украина разменија по 84 воени заробеници

Русија и Украина разменија по 84 воени заробеници, со посредство на Обединетите Арапски Емирати, објави руското Министерство за одбрана.

„Во моментов, рускиот воен персонал се наоѓа на територијата на Република Белорусија, каде што добива потребна психолошка и медицинска помош“, се наведува во соопштението на министерството на Телеграм, пренесува РИА Новости.

По пристигнувањето во Русија, тие ќе бидат подложени на рехабилитација и лекување во воено-медицински установи, се додава во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот