Русија ги преброи и македонските државјани меѓу „кучињата на војната“ во Украина

Украина војници/ Фото EPA-EFE/Andrzej Lange POLAND OUT

Во моменти кога Русите повторно споделуваат информации за наши граѓани дека се дел од конфликтот меѓу Москва и Киев, македонските власти официјално засега немаат податоци околу бројот на борците на странски фронтови.

По повеќе од 160 дена од почетокот на војната во Украина, руските медиуми објавија дека во конфликтот во земјата имало 79 македонски државјани од кои досега наводно загинале 26, вратени се 21, а 32 лица се се уште активни на фронтот во земјата.

За експертите по безбедност ваквите информации кои доаѓаат од руските медиуми треба да се земат со резерва. Благоја Марковски од Балканскиот форум за безбедноство изјава за „Слободен печат“ вели дека ако бројката веќе постои, не е за изненадување желбата да се учествува во еден таков конфликт поради трендот но и економскиот карактер на платениците.

Благоја Марковски

– Тешко е за верување дека граѓани на Македонија се приклучуваат во една ваква ситуација на боиштата во Украина. Тоа е така бидејќи Кривичниот закон кај нас е доста ригорозен. Дополнително прашање е колку од нив за кои руската страна деновиве тврди дека има, би се приклучиле во вакви борбени дејствија на сметка на Украина – вели Макровски.

Сепак според безбодносниот експерт, доколку податоците сервирани од Руската федерација се точни исто така треба институциите дома да проверат колку од овие лица се вратени овдека.

– Ако навистина е тоа така според руските тврдења дека една третина од македонските граѓани на боиштата во Украина загинале, не само институциите и јавноста ќе знаеше дека за овој податок, дека тие ги загубиле животите. Од тука сметам дека тоа се само претпоставки на Москва дека македонски граѓани војуваат таму. Можеби има но не верувам дека толкав број има на боиштата и тоа дека една третина од нив се загинати. Учеството можеби може да се сокрие но погибијата тешко – посочува Марковски.

Воено безбедносниот експерт додава дека земјава пред неколку години од 186 повратници од боиштата од Блискиот Исток законски санкционираше над триесетина лица.

Инфографик: Последен извештај на Р.Ф. за странски платеници во Украина

Во меѓувреме вчера Министертво за надворешни работи на Македонија нема информации за евентуално учество на македонски државјани во војната во Украина, по објавата на руското Министерство за одбрана дека меѓу странските платеници кои се борат на украинска страна имало и 79 наши граѓани.

– Министерството за надворешни работи не располага со релевантни информации поврзано со евентуалното учество на наши државјанини во војната во Украина, ниту загинати наши државјани во војна. Постојано и внимателно ја следи ситуацијата, преку амбасадата во Украина. Штом има нови информации јавноста ќе биде информирана, велат од МНР.

Инаку, на почетокот на самите воени дејстија во Украина, шефот на Националниот комитет на Северна Македонија за спречување насилен екстремизам и тероризам, Златко Апостолоски за домашните медиуми информираше дека земјава не регистрирала борци ниту регрутери кои агитираат за заминување на боиштата на нашите граѓани во Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот