Русија бара извинување од Полска поради инцидентот со амбасадорот

Рускиот амбасадор во Полска Сергеј Андреев нападнат/ Фото EPA-EFE/Leszek Szymanski POLAND OUT

Русија побара формално извинување од Полска и се закани со одмазда во иднина поради протестот во понеделникот на кој амбасадорот беше полеан со црвена боја на гробиштата во Варшава, јави Ројтерс.

Амбасадорот на Русија во Полска, Сергеј Андреев, беше опкружен од луѓе кои протестираа против руската инвазија на Украина додека отиде да положи цвеќе на церемонијата на советските војници загинати во Втората светска војна.

Одлуката за понатамошни чекори ќе биде донесена „во зависност од реакцијата на Варшава на нашите барања“, соопшти руското Министерство за надворешни работи на својата веб-страница.

Зошто Путин не објави војна и мобилизација? Дали говорот имаше сосема друга цел?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот