РСЕ: НАТО го почитува правото на Србија да одлучува за вежбите на својата територија

фото: Профимедиа

Прес-службата на НАТО во писмена изјава за Радио Слободна Европа (РСЕ), на прашањето за српско-руската воена вежба „Словенски штит 2019″, наведе дека НАТО и Србија се партнери и го почитуваат правото на Србија да„донесува суверени одлуки во врска со вежбите кои се изведуваат на нејзината територија”.

-Тоа е прашање за Србија и Русија, се вели во одговорот на НАТО.

На вежбата „Словенски штит 2019″, учествуваа и руските ракетни системи С-400 „тајфун” и„Панцир С”, што Русија за прват овие ситеми ги донесе во странство.

Во писмената изјава се наведува дека Србија е партнер на НАТО со кого Алијансата има„добри и продуктивни односи”.

Од таму потсетија дека Србија учествува во бројни НАТО вежби и дека во 2018 годинабила домаќин на цивилната вежба за помош при вонредни случаи, за време на којагенералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг го посети и Белград.-Србија, исто така, работи со НАТО за обука на ирачките воени лекари, помагајќи да сеобезбеди стабилност на Блискиот исток, се додадава во одговорот на НАТО за РСЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот