Роналдо против Унгарија собори три рекорди

epa09273887 Cristiano Ronaldo (C) of Portugal in action against Endre Botka (L) and Gergo Lovrencsics of Hungary during the UEFA EURO 2020 group F preliminary round soccer match between Hungary and Portugal in Budapest, Hungary, 15 June 2021. EPA-EFE/HUGO DELGADO

Фудбалерите на Португалија против Унгарија ја започнаа одбраната на титулата, а лидер на европскиот шампион е Кристијано Роналдо со што собори два рекорди.
Роналдо стана првиот фудбалер во историјата кој настапил на пет Европски првенства. Дебитантскиот настап Роналдо го имаше во 2004 година кога неговата репрезентација загуби од Грција во финалето. Потоа играше и во 2008 година во Австрија и Швајцарија, четири години подоцна во Украина и Полска како и пред пет години во Франција кога ја освои титулата.

Португалецот со тоа што истрча на теренот на „Ференц Пушкаш“ арената во Будимпешта, собори уште еден рекорд, влучувајќи ги и Светските и Европските првенства. За Роналдо дуелот против Унгарија е негов 39 на големите натпреварувања со што го престигна Германецот Бастијан Швајнштајгер.

Покрај овие два, Португалецот собори уште еден рекорд. Со голот од пенал, Роналдо стана најдобар стрелец во историјата на Европските првенства постигнувајќи го десеттиот гол. Португалецот го надмина Мишел Платини кој сите ги даде на ЕП 1984 година.

Исто така на Роналдо му недостасуваат уште три гола за да се израмни со Али Даеи на листата на фудбалери кои дале највеќе голови за своите репрезентации. Даеи досега 109 пати погодил во дресот на Иран  додека Роналдо моментно е на бројката од 106 гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот