Роналдо: Понекогаш резултатот не е оној за кој се бориме

Кристијано Роналдо вели дека навивачите на Јунајтед заслужуваат многу повеќе/Манчестер, Велика Британија/24 октомври/Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Фудбалерите на Ливерпул како гости убедливо го совладаа Манчестер јунајтед со резултат 0:5 во деветтото коло од Премиер лигата.

Португалската ѕвезда и еден од најдобрите играчи во клубот од „Олд Трафорд“, Кристијано Роналдо после катастрофалниот пораз порача дека навивачите на оваа екипа заслужуваат повеќе.

– Понекогаш резултатот не е оној за кој се бориме. Понекогаш резултатот не е оној кој го сакаме. И ова зависи од нас, само од нас затоа што никој друг не е виновен.

Нашите навивачи повторно беа неверојатни, нè поддржуваа цело време. Тие заслужуваат подобро од ова, многу подобро, и зависи од нас да го направиме тоа за нив. Сега е времето – напиша Роналдо на Инстаграм.

Јунајтед моментно е на седмото место кое го дели со Евертон, Лестер и Арсенал. Во следното коло „црвените ѓаволи“ ќе играат против Тотенхем.

ВИДЕО: Оле „аут“, навивачите не може повеќе да го гледаат срамот на Манчестер јунајтед

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот