ВИДЕО: Оле „аут“, навивачите не може повеќе да го гледаат срамот на Манчестер јунајтед

Фановите на „црвените ѓаволи“ бараат што побрзо Оле Гунар Солскјер да си замине од „Олд Трафорд“/Манчестер, Англија/24 октомври 2021/Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Манчестер јунајтед и Ливерпул моментно го играат дербито во Премиер лигата, ако може да се нарече дерби бидејќи гостите на 10 минути до крајот имаат неверојатни 0:5.

Преполн „Олд Трафорд“, навивачите особено оние на Јунајтед, на трибините познати лица, како на пример легендарниот поранешен менаџер на клубот, Сер Алекс Фергусон се сведоци на невиден срам.

Уште во првото полувреме „црвените“ од Енфилд го решија мечот, со четири голови во мрежата на Де Геа.

Гол серијата на јзапочна Кеита, се придружија Жота и двапати Салах, а Египќанецот го комплетираше својот хет-трик во 50 минута.

10 минути подоцна главоболките за Оле Гунар Солскјер се зголемија после црвениот картон на Погба кој го започна мечот од второто полувреме.

Навивачите на Јунајтед разочарани, не може да поверуваат на резултатот, го напуштаат предвреме стадионот, а веќе на социјалните мрежи врие од лавина коментари барајќи Солскјер што побрзо да ја напушти клупата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот