Роналдо ја исправи грешката и му ја исполни желбата на момчето кое помина 1.300 километри за да се слика со него

epa09099799 Portugal?s Cristiano Ronaldo (C) arrives for the training session in Belgrade, Serbia, 26 March 2021. Portugal will face Serbia in their 2022 FIFA World Cup qualification UEFA group A soccer match on 27 March 2021. EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Кристијано Роналдо денеска ја поправи грешката која ја направи и покажа дека има големо срце кога станува збор за неговите најмали фанови.
Во текот на вчерашниот ден, главна вест во фудбалските вести беше дека Португалецот по пристигнувањето во Белград го игнорирал момчето кое барало автограм од него.
На белградскиот аеродром, младо дете стоеше со транспарент на кој имаше напишано порака за Роналдо „Кристијано, поминав 1.300 километри за да добијам автограм од тебе“.

Тоа што не го направи претходиот ден, Роналдо го стори денеска, во хотелот Хајат во Белград каде е сместена португалската репрезентација, тој имаше средба со младиот Борис од Полска и му даде автограм и направија заедничка фотографија.
Таткото на младото дете, Лукаш за новинската агенција Танјуг изјави дека ги искористиле слободните денови за да му го исполни сонот на неговиот син, да се запознае со Роналдо.
– Често доаѓаме во Белград, ова ни е 15. пат. Знаеме колку е тешко да се дојде до Роналдо, посебно во време на пандемија, но успеавме. Борис доби автограм, заедничка фотографија и топка со потписи од сите репрезентативци на Португалија – изјави Лукаш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот