Рокенрол иконата се огласи за првпат по операцијата – Слободен печат
ЕспресоШоу биз

Рокенрол иконата се огласи за првпат по операцијата

Откако концертите сега повторно се закажани, Џегер изјави дека пробите на Стоунси веќе одамна траат. Рокенрол иконата се чувствува добро.

Мик Џегер потврди во првото интервју дека се чувствува добро, откако беше на операција на срцето.

Рокенрол иконата во март беше на операција за замена на срцевиот залисток, поради што Стоунси мораа да ги откажат концертите од турнејата на бендот во Северна Америка, пренесува NME.

Откако концертите сега повторно се закажани, Џегер изјави дека пробите на Стоунси веќе одамна траат.

„Доста вежбавме во изминатите недели… Утрово бев малку и во теретана. Ништо особено. Потоа отидов на проба со остатокот од бендот“, додаде тој.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close