Роднини физички малтертирале девојка од Тетово и сакале да ја омажат против нејзината волја

Фото: архива на СП

Во полицијата во Тетово, 19-годишна девојка од тетовско село вчера пријавила дека во периодот од 25 август до пријавувањето, од страна на нејзината тетка и нејзин братучед била противправно држена и физички малтретирана на две локации во Тетово.

Според пријавеното, тие сакале да ја омажат против нејзина волја иако таа веќе имала момче.

„По консултација со јавен обвинител, девојката преку Центарот за социјални работи- Тетово е соодветно згрижена и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот