Роден е Џејмс Тејлор, „Velvet underground“ на чело со Лу Рид го објавија својот деби албум и други настани кои ја одбележаа музиката на историјата…

На денешен ден низ музичката историја се родени неколку личности кои подоцна стануваат значаен дел од оваа индустрија, а исто така објавен е деби албумот на „Velvet underground“, кој засекогаш ќе остане запаметен по својот впечатлив и несекојдневен омот. 

Во продолжение прочитајте за сите настани кои ја одбележаа музиката низ историјата на 12 март: 

1948 година – Роден е Џејмс Тејлор, американски пејач, петкратен добитник на Греми награди и еден од музичарите кои се дел од куќата на славни на рокенрол музиката. Тејлор е дел од кругот на најдобро продаваните артисти на сите времиња, со продажба поголема од 100 милиони албуми ширум светот.

1949 година – Роден Мајк Гибинс, тапанар на британската рок група „Badfinger“.

1953 година – Роден Мирослав Цветковиќ Цвеле, басист на групата „Бајага и Инструктори“.

1956 година – Роден Стив Харис, басист на групата „Iron Maiden“.

1967 година – Излезе дебитантскиот албум на арт рок групата „Velvet Underground“, под назив „Velvet underground and Nico“. Нико беше германска актерка и модел, која со доаѓањето во Америка почна да се занимава и со рок музика, а покрај овој албум, таа објави уште 15 сопствени. Најпозната песна од првенецот на „Velvet Underground“ е поемата „Heroin“ на Лу Рид, а албумот влезе во историјата и благодарение на оригиналниот омот на легендарниот Енди Вархол, на кој се наоѓа слика од банана, поради што и самиот албум стана познат под називот „банана“!

Магазинот „Ролинг Стоун“ го стави на 13. место од листата на 500 најзначајни албуми на сите времиња.

1979 година – Роден Пит Доерти, гитарист и пејач во групата „The Libertines“.

2001 година – Полската издавачка куќа „Zic Zac“ објави еден необичен албум под назив „Југотон“. Станува збор за компилација од обработки на некои од најславните песни од новиот бран на екс-ју рок музиката, а во изведба на познати рок изведувачи од Полска. Помеѓу песните кои полските рокери ги свиреа се најдоа и хитовите како „Црно бели свет“, „Ухвати ритам“, „Ретко те виџам с девојкама“ и други одбрани песни од бендови како „Електричен оргазам“, „Бајага и инструктори“, „Филм“ и „Хаустор“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот