РКЕ со притисок до Електродистрибуција да ги замени старите со броила со далечинско отчитување

Поплаките за високите сметки не прастануваат да стигаат на адреса на РКЕ, вели Бислимовски.

Само минатата недела до РКЕ околу 150 граѓани испратиле реракции поради високите сметки за потрошена електрична енергија. На дневно ниво стигаат и по 30 жалби на корисници вели претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски, кој посочи дека ќе изврши притисок до ЕВН постоечките броила да ги замени со броила со далечинско отчитување.

Тој соопшти и дека сите поплаки кои стигаат до нив се препраќаат до ЕВН од каде добиле ветување дека ќе биде извршена корекција.

Замената на броилата нема да биде на трошок на граѓаните, туку наш трошок на компанијата како основно средство кое потоа РКЕ го зема во предвид при определувањето на цените, потенцира Бислимоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот