Резултатите на матичниот лекар на првиот заболен од коронавирус во Берово се негативни

Фото: EPA-EFE/DIEGO AZUBEL

Резултатите од тестовите на медицинскиот персонал од приватната здравствена установа „Д-р Весна Марковска” која е матичен лекар на заболеното лице од коронавирусот во Берово се негативни. Во својата изјава до јавноста Марковска вели дека со тоа што медицинскиот персонал е негативен на КОВИД-19, нема опасност од ширење на заразата и кај други лица.

-Од името на Приватната здравствена установа  „Д-р Весна Марковска” ги известуваме граѓаните дека медицинскиот персонал е негативен на Ковид-19, со што се елиминира опасноста по здравјето на пациентите кои изминатиот период ја посетиле ординацијата. Сепак, заради мерките за заштита на граѓаните и наша безбедност, наредната недела ординацијата нема да работи, информираат од беровската Приватната здравствена установа.

Првиот позитивен случај на Ковид-19 во Берово е жена на возраст од 55-години од село Владимирово, која според надлежните вирусот го добила за време на нејзиниот престој на Клиниката за онкологија, каде се грижела за нејзиниот болен брат.

Од општината додадоа, дека и понатаму ќе се преземаат потребните мерки за спречување на ширење на заразата, преку активности за дезинфекција на јавниот простор, како во градот така и во селските средини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот