Револуционерна идеја на Англичаните за продолжување на Премиер лигата

twitter/Premier League

Последните девет кола од Премиер лигата за сезоната 2019-20 кои се прекинати поради пандемијата на коронавирусот, ќе се играат за време на летото по тренинг-камповите без присуство на гледачи, а сите останати 92 натпревари ќе се пренесуваат на ТВ, ексклузивно открива весникот “Индепендент“.

Според изворот на весникот, првенството ќе се доигра во изолирани кампови како оние кои ги користат репрезентациите пред стартот на големите наптреварувања, а идеални локации се кампот во Мидландс и камповите на периферијата од Лондон.

„Индепендент“ исто така пишува дека челниците на Англиската фудбалска федерација (ФА) и на Премиер лигата (ЕПЛ), во изминатите денови интензивно разговараат и барат начин како да се заврши сезоната и да се спасат парите од ТВ правата.

Токму финансиите ги тераат челниците на ФА и на ЕПЛ да најдат начин како да се заврши сезоната иако во Велика Британија има повеќе од 20.000 лица заразени со коронавирус, а меѓу нив е и премиерот Борис Џонсон.

Премиер лигата би загубила околу милијарда евра само од ТВ правата, а целта на Владата е на своите граѓани да им овозможи да гледаат фудбал и полесно да го поминуваат времето во карантин.

За оваа идеја веќе е разгварано и со унијата на фудбалери кои се согласни Премиер лигата да се доигра до крајот, веднаш откако ќе се создадат минимални услови за игра и тие се надеваат дека почетокот на летото е идеален термин за тоа.

Според планот на ФА и на ЕПЛ, сите фудбалери, тренери, судии и новинари кои би биле дел од финиширањето на сезоната, мора да бидат тестирани на ковид-19 и потоа да поминат задолжителни 14 дена во карантин во тренинг камповите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот