Револуцијата на Лапорта започнува од тренерот, на местото на Куман доаѓа младиот Германец

Фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта, има доверба во актуелниот тренер Роналд Куман, но неговото останување на клупата ќе зависи од освоените трофеи на крајот од сезоната.

Барселона испадна во Лигата на шампионите од ПСЖ, а според одиграниот натпревар во Париз, впечаттоците се дека каталонците одиграа добар натпревар и може да жалат за промашениот пенал на Лионел Меси. Во Ла Лига, Атлетико Мадрид и лидер на табелата со шест бода повеќе од Барселона, но „јорганџиите“ имаат потежок распоред до крајот на сезоната, а згора на тоа треба да гостуваат на „Камп Ноу“ на четири кола пред крајот на сезоната.
Лапорта му поставил услов на Куман дека мора да ја освои титулата во Ла Лига, како и да триумфира во финалето на Кралскиот куп против Атлетик Билбао кој се игра на 17. април доколку сака и следната сезона да ја предводи екипата.
Доколку тоа не се случи, адутот на Лапорта е младиот германски тренер, Јулијан Нагелсман.
Оваа вест ја потврдија неколку релевантни избори, а СЕР Каталуња пишува дека Нагелсман веќе имал контакт со Лапорта и дека му се допаѓа идејата да му биде тренер на Лионел Меси и да биде човекот кој ќе започне нова револуција во Барселона.

EPA-EFE/DANIEL ROLAND

Новинарот Гилем Балаг во емисија во живо изјави дека лично зборувал со Нагелсман кој му рекол дека не може да ја одбие Барселона.
– Во овие моменти, доколку навистина добијам понуда од Барселона, тешко дека ќе можам да ја одбијам. Подготвен сум – наводно му рекол Нагелсман на Балаг.

Како засилувања за играчкиот кадар, досега е договорен дефинзивецот на Манчестер сити, Ерик Гарсија, голема е веројатноста да пристигне и Давид Алаба кој си заминува од Баерн Минхен на крајот од сезоната, Серхио Агуеро би пристигнал како мамка за Лионел Меси да остане и да потпише нов договор. Главна мета на Лапорта ќе биде Ерлинг Халанд, но прашање е дали ќе може да најде пари за да го реализира трансферот бидејќи долговите на Барселона изнесуваат повеќе од милијарда евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот