Респираторен вирус уби четири бебиња во Чиле, одделите за педијатрија полни

Четири бебиња починаа во Чиле, кое е погодено од најлошата епидемија на респираторниот синцицијален вирус (РСВ) во последните неколку години.
Според локалните медиуми, капацитетот на одделенијата за детска интензивна нега во земјата е преполн. Мајката на едно од починатите бебиња, Есенија Санчез, изјавила дека чекала од 8 до 22 часот брзата помош да го префрли нејзиното дете на интензивна грижата. За тоа време, бебето имало два прекини на срцето.
Извештајот на чилеанското Министерство за здравство во петокот покажува дека просечната зафатеност на одделенијата за педијатриска интензивна нега во земјата достигна 94 проценти.
-Ние се соочуваме со една од најголемите епидемии во последните неколку години“, рече министерката за здравство Ксимена Агилера, додавајќи дека децата под една година се најранливи. Тежината на оваа епидемија е поврзано со слабата циркулација на вирусот меѓу луѓето за време на пандемијата додавајќи дека „сега има поинаква имунолошка ситуација, поголема ранливост и тоа нè води до невообичаено висока циркулација на овој вирус“.
Респираторните заболувања во Чиле имаат тенденција да се зголемуваат во зима. Ситуацијата е влошена во Сантијаго поради интензивното загадување на воздухот во градот, кој се наоѓа во долина опкружена со ридови.