Ремиксот на Cyrillic за евровизиската Proud предизвика интерес и на најголемиот музички канал (ВИДЕО)

тамара тодевска
Принтскрин

Македонскиот бенд Cyrillic направи ремикс на песната Proud со која во Тел Авив не претстави Тамара Тодевска, а песната сега е објавена и на YouTube каналот CDeep, канал кој важи за еден од најголемите музички канали за Deep House музика.

Автори на оригиналот се Дарко Димитров, Роберт Билбилов и Лазар Цветкоски, на текстот Коста Петров, а новиот ремикс звучи сосема поинаку од оригиналот. Да се потсетиме оригиналот го доби првото место од стручното жири на Евросонг.

Оваа верзија на Proud е опишана како „вистинско освежување“ и „летен хит“ од фановите на deep house музиката. За неполни 24 часа песната достигна 19.000 прегледи на YouTube.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот