Реми на Академија Пандев, убедлив триумф на Ренова

Струмичани одиграа без голови против рускиот тим Балтика за време на подготовките во Анталија.

Претходно „пандевци“ во првиот контролен натпревар на подготвките пред стартот на пролетниот дел од домашниот шампионат беа поразени од Петрич со 0:2.

По дуелот со Балтика, Академија Пандев ја очекуваат натпревари и против Спартак Суботица, Септември Софија, Ротор и Алтин Асир.

Екипата на Ренова на подготовките во Охрид, оствари убедлив триумф од 5:0 во дуелот со Кораб. По два гола дадоа Селмани и Кадриу, а еднаш прецизно стрелаше и Садики.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот