Рекорден број на новозаразени во Индија: За еден ден речиси 10.000 лица позитивни на Ковид-19

Фото: Архива

Индија е седма на светот по бројот на заразени со Ковид-19.

Во Индија во изминатите 24 сата потврдени се уште 9 851 случаи на коронавирус, што е рекорден број на новозаразени од почетокот на пандемијата, соопшти Министарството за здравство на оваа земја.

СО тоа, вкупниот број на заразени достигна 226 770 лица. Вчера се пријавени 9 304 нови случаи, а во средата 8 909. СО ова, Индија е седма во светот по бројот на заразени, додека бројот на починати е 6 348.

Индија е седма на светот по бројот на заразени со Ковид-19.

Порано индиската Влада најави дека рестриктивните мерки ќе останат насила до 30 јуни во делот од земјата каде расте бројот на новоинфицирани, а дека во останатиот дел на земјата од 8 јуни ќе се започне со нивно постепено укинување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот