Реконструкцијата на владиниот кабинет во понеделник ќе се најде во Собрание

Продолжуваат разговорите помеѓу премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и останатите политички партии кои ја сочинуваат Владата во врска со најавената реконструкција, односно смена на функционери и министри, изјави владиниот портпарол Мухамед Хоџа. Тој очекува разговорите да завршат наредните денови по што, како што рече, ќе се знае нивната одлука.

– Консултатциите и разговорите за евентуална владина реконструкција продолжуваат меѓу политичките партии. Тие веќе комуницираат со медиумите и јавноста веќе е информирана до каде е процедурата, до каде се преговорите за смени во првиот, вториот и третиот ешалон во Владата. Засега официјално нема одлука за која може да биде информирана јавноста. Очекуваме овие денови да завршат преговорите меѓу политичките партии што ја сочинуваат коалицијата и дали како предлог ќе биде поднесен до Собранието на Република Северна Македонија – рече на денешната редовна прес-конференција владиниот портпарол Мухамед Хоџа.

Тој додаде дека нивната одлука е последна и тие ќе кажат дали до Собранието на Северна Македонија ќе поднесат предлог за смени во Владата или дали, како што рече, ако евентуално нема предлог до Собранието, ќе има гласање за доверба за Владата.

Според информации на „Слободен печат“, предлогот за реконструкција на владиниот кабинет во понеделник веќе ќе се најде во Собранието. Освен министри на СДСМ, на тапет ќе се најдат и неколку министри на ДУИ. Како што дознаваме, премиерот Заев веќе добил готова листа со министри на ДУИ кои треба да бидат сменети, како и имињата кои би требало да ги заменат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот