Река: Секаде каде што има албанско мнозинство, ние победивме 3:1

Кандидатот за претседател Блерим Река на прес-конференција истакна задоволство од резултатите вечерва на првиот круг од претседателските избори. Тој рече дека не е важен бројот, туку е важно дека ја има поддршката од цела држава, додавајќи дека тој победи во сите општини со албанско мнозинство, а добил гласови од секоја општина од земјава.

-Презадоволни сме од резултатот, дури и ги надмина нашите очекувања. Секаде каде што има албанско мнозинство, ние победивме 3:1. Нема општина од која немаме добиено гласови. Според обработените резултати од повеќе од 50%, ние имаме 50.000 гласови, а очекуваме до крајот на броењето да стигнеме и до бројка од 80.000 гласови.

Не е важна бројката колку поддршката. Оваа поддршка ја делигитимира погрешната политика на владата.

Реков и во кампањата, ние нема да тагуваме по гласови, нема да бидеме трговци, но вечерашната поддршка ни дава мотив да продолжиме да работиме за доброто на земјата, рече Река.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот