ВИДЕО: Река луѓе на протестот „Србија против насилството” во Белград

Петтиот протест „Србија против насилство” се одржува вечерва во Белград со илјадници луѓе кои се собраа во 18 часот пред српското Собрание.

Протестот се одржува точно еден месец по трагедијата во училиштето „Владилав Рибникар” кога беа убиени деветмина ученици и чувар од училиштето.

На платото пред Собранието е поставена бина на која говореа глумците Светлана Бојковиќ, Драган Бјелогрлиќ, Ненад Маричиќ и водителите Иван Ивановиќ и Зоран Кесиќ.

Маричиќ, како што пренесуваат српските медиуми, рекол дека невините жртви не смеат да бидат попусти, а насилството не смее да помине неказнети. Според него, трагедиите биле повик за бидење.

-Се собравме токму денеска бидејќи пред точно еден месец Србија застана, а трагедијата не удри в лице на најсуов начин: прекинати се детски соништа кои никогаш нема да се остварат и сите ја делевме тагата, стравот и бесот, рече Маричиќ.

По обраќањето, тој ги замоли граѓаните за тишина за да се слушнат 18 удари во чест на жртвите на двете масовни убиства.

-Да слушнеме 18 удари на секои 18 секунди за секоја жртва, за секој прерано прекинат живот, рече Маричиќ, по што следуваше долга тишина.

Според актерката Светлана Бојковиќ, оваа рана не е само за семејствата на настраданите, туку рана на целото општество.

Актерот и режисер Драган Бјелогрлиќ кажа дека на протестот дошол за да оддаде признание на младоста на Србија, бидејќи, „на насилството и малтретирањето и провокациите се одговара со достоинство, мир и љубов”.

-Ако постои дно, го допревме тој ден, кога се случи трагедијата во белградското училиште. Сите наши порази, сите несреќи, сите злодела кои сме ги правеле на другите се собраа во таа една горчлива трагедија која падна на недолжни кои никому ништо не му направиле, порача Бјелогрлиќ.

Граѓаните кои излегоа на протестот тргнаа од Собранието кон Славија а ќе завршат со формирање круг околу Претседателството на Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот