Река: Ќе се залагам за државен систем добар за сите

Фото: Фросина Насковиќ

Претседателскиот кандидат Блерим Река вечерва пред жителите на Теарце потенцираше дека преку програмата што ја претставува ќе работи на тоа да има државен систем што е добар за сите. Ја потенцираше поддршката што ја добива од двете партии за победа.

– Јас велам република, а не друштво за сите. Сега Македонија не е држава за сите. Како претседател и како врховен командант ќе се залагам НАТО како гарант на Охридскиот договор да помага во ресоцијализацијата на припадниците на ОНА, за кои во разговор овде низ Тетовско разбрав дека немаат добри услови за живот. Никој не може да ги натера Албанците да гласаат против себе, против Албанец – истакна Река во Теарце.

Претседателот на Алијансата на Албанците Зијадин Села смета дека реториката на ДУИ за разлика од нив политички е некоретна.

– ДУИ има двојни политички аршини. Порано беше против Пендаровски, сега го сметаат за консензуален кандидат. Ние сме за вистинска консензуланости и на Албанците им се јасни овие работи. Барам од Вас да им објасните на членовите на ДУИ дека оваа опција е подобрата – рече Села.

Беса со сите ресурси ќе даде поддршка да се избере претседател Албанец, рече партискиот лидер Билал Касами.

– Пендаровски вика дека е кандидат на СДСМ, а  ДУИ смета дека е консензуален. Албанците ќе го прифатат единствениот Албанец за претседател. ДУИ велат дека Албанците се рамноправни, но ние не гледаме разлика. СДСМ не се подготвени да прифатат дека не е решенс рамноправноста на Албанците во државата – истакна Билал Касами лидер на Движењето Беса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот