Регистриран најтоплиот ден на светот од крајот на 19 век

Топло време илустрација / Фото Архива

Просечната глобална температура достигна нов рекорд во понеделникот, 3 јули, надминувајќи ги 17 степени Целзиусови за прв пат откако е започнато мерењето. Американските истражувачи рекоа дека тоа е нов рекорд, највисок од крајот на 19 век.

Научниците веруваат дека комбинацијата на природниот временски настан познат како Ел Нино и постојаните емисии на јаглерод диоксид произведени од човекот го поттикнуваат затоплувањето. Потврдено е дека минатиот месец бил најтоплиот јуни некогаш забележан.

Научниците од американскиот национален центар за предвидување на животната средина соопштија дека просечната глобална температура достигнала 17,01 Целзиусови степени на 3 јули, соборувајќи го претходниот рекорд од 16,92 Целзиусови степени, поставен во август 2016 година.

Од почетокот на оваа година, истражувачите станаа сè позагрижени за зголемувањето на температурите на копно и на морето. Рекордните пролетни горештини во Шпанија и многу азиски земји беа придружени со морски топлотни бранови на места каде што вообичаено не се појавуваат, како што е Северното Море.

Оваа недела Кина продолжува да доживува продолжен топлотен бран со температури над 35 Целзиусови степени на некои места, додека јужниот дел на САД е во слични услови.

Понеделникот беше најтоплиот ден од почетокот на сателитскиот мониторинг во 1979 година. Експертите исто така веруваат дека тоа е највисоката температура од почетокот на опсежните мерења кон крајот на 19 век. Истражувачите веруваат дека новиот глобален рекорд е комбинација од природниот настан Ел Нино и тековните емисии на јаглерод диоксид.

Јужната осцилација Ел Нино или ЕНСО, како што правилно се нарекува, има три различни фази: топла, ладна или неутрална. Тоа е најмоќната флуктуација во климатскиот систем каде било на Земјата.

„Просечната глобална температура на површинскиот воздух достигнува 17 степени Целзиусови за прв пат откако имаме веродостојни записи е важен симболичен момент во нашиот свет кој се повеќе се загрева. Сега кога започнува потоплата фаза на Ел Нино, можеме да очекуваме уште многу дневни, месечни и годишни рекорди да бидат соборени во текот на следната година и половина“, рече климатскиот истражувач Леон Симонс.

Рекордната температура во понеделникот доаѓа откако јуни беше потврден како најтоплиот јуни на глобалниот рекорд. Просечните температури низ планетата биле 1,46 Целзиусови степени над просекот во периодот помеѓу 1850 и 1900 година.

Обединетото Кралство, исто така, го забележа најтоплиот јуни досега, додека влијанието на високите температури се чувствува и на краевите на светот. На Антарктикот е соборен рекордот за јули со измерени 8,7 Целзиусови степени во украинската истражувачка база Вернадски.

Научниците веруваат дека повеќе рекорди ќе бидат срушени како што летото напредува и Ел Нино ќе зајакне. „Постојат добри шанси јули да биде најтоплиот досега, а со тоа и најтоплиот месец досегa, значи за околу 120.000 години“, рече Карстен Хаустејн од Универзитетот во Лајпциг.

„Иако температурите на јужната хемисфера малку ќе се намалат во текот на следните неколку дена, постојат добри шанси во јули и август да има уште потопли денови со Ел Нино сега во полн ек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот